Трајко Славевски

Изминативе неколку месеци од 2019-та година најпрво ги видовме негативните ефекти од воведувањето на прогресивното оданочување односно зголемување на даноците во Република Македонија, каде што на удар беше најкреативниот дел од македонското општество.

Деновиве со исплатата на мартовската пензија, пензионерите се уверија во она од што стравуваа дека ќе има минимално речиси никакво усогласување односно зголемување на пензиите и не се остварува ништо од онаа најава за зголемување на пензиите во Република Македонија.

Еве, да потсетиме дека на 28-ми декември, минатата година Владата по скратена постапка го измени Законот за пензиско инвалидско осигурување, со што го укина усогласувањето кое што со години важеше и со порастот на платите во Република Македонија. Да потсетам старото решение кое што долго време функционираше беше дека пензиите еднаш на 6 месеци се усогласуваат со 50% од стапката на пораст на трошоците на живот и 50% од стапката на пораст на платите во Република Македонија.

Пензиите во изминатиот период растеа затоа што растеа и платите во Република Македонија.

Што се случува сега? Односно што значи сето ова? Имено да потсетиме дека речиси во сите земји на светот пензиите се усогласуваат по правило, по двете основи кои што кај нас важеа до 1-ви јануари оваа година. Имено со усогласувањето на пензиите со зголемување на цените треба да се задржи куповната моќ на пензиите.

Но пензионерите исто така имаат право да учествуваат во зголемувањето на БДП кој што е изразен преку порастот на платите. Тоа е првата причина зошто порастот на платите треба да биде фактор за зголемување на цените. Втората е што ова усогласување на пензиите како што гледаме доаѓа секогаш со задоцнување односно веќе се начнала куповната моќ на пензиите со порастот на цените во изминатите 6 месеци пред да се изврши усогласувањето што не е случај со платите.

Сега поконкретно, пресметано а и самите пензионери увидоа и покрај онаа разлики за трите месеци дека има минимално зголемување на пензиите од 0,7% што еве да речеме на пензија е просечно од околу 15.000 денари значи некаде околу 100 денари.

Усогласувањето доколку останеше старото законско решение требаше да биде 1,83% односно пензионерите се закинати за повеќе од 1 процентен поен што значи дека доколку оваа тенденција продолжи во текот на годината тие месечната пензија ќе ја примаат во помал износ од оној што можеше да биде со старото решение некаде од 300 до 700 денари.

За волја на вистината да спомнеме дека вградено е едно решение кое што нема шанса да се оствари дека пензиите можат дополнително да се усогласуваат односно да растат доколку БДП на земјата надмине 4% ова како што гледаме е нереално затоа што ниту она што го видовме изминативе две години ниту она што го предвидува самата влада, а и меѓународните финансиски институции не покажува дека постои шанса да се оствари БДП во Република Македонија над 4% и тоа ќе остане само празна надеж односно празно ветување.

Кои се сега ефектите покрај закинувањето на пензиите кои што го почувствуваа и самите пензионери. Имено се намалува односот просечна пензија просечна плата во Република Македонија. Овој однос на просечната пензија споредено со просечната плата изнесува во последниве години околу 60% што е прифатливо и меѓународно познато ниво.

Само да потсетиме со некој политики на некои претходни влади на СДСМ во периодот 2004-2005 овој однос просечна пензија просечна плата се беше спуштил на само 50%нешто што навистина ги погодуваше пензионерите и влијаеше врз нивниот животен стандард. Со политиките на владите на ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на пензиите се достигна ова ниво од 60%. Оваа година со новото решение се очекува односот да се симне повторно под 60% односно некаде околу 58% со тенденција ако се задржи решението и понатаму, да се намалува кон онаа граница од можеби испод 50 проценти.

Ова е удар врз животниот стандард на пензионерите уште од една дополнителна причина. Имено пензионерите како сите ние користиме услуги кои се во делот на сивата економија за поправка на домовите некои водоинсталаторски услуги електричарски услуги и така натаму кои статистиката не може да ги опфати се вршат единствено проценки, но тие и тоа како се зголемени цените од познати причини во последниве неколку години и оттука ова решение е неправедно и идната Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе го промени ова законско решение кое е на штета на пензионерите и ќе ги преземе сите неопходни мерки за заштита и подобрување на нивниот животен стандард.