Олгица Никола Трајковска
Пред подолго време, до Уставниот суд поднесов низа Барања за заштита на правото од дискриминација, како и Иницијативи за оценка на противуставноста/противзаконитоста на поединечни и општи акти, како и на дејствија од страна на државните органи во вршење на нивните функции, со кои систематски и синхронизирано се брише македонскиот НАРОД, спротивно на неговиот уставно утврдениот статус како НАРОД, наспрема МАЛЦИНСТВАТА („етничките заедници“).
Иако постапките по нив се итни, согласно нивната природа, нема одговор, освен еден, неодамнешен. Се однесува на Иницијативата за оценка на противуставноста/противзаконитоста на Методологијата за Пописот 2021. според која, секој припадник на малцинство има право да ја изрази својата национална припадност во графата „припадност на етничка ЗАЕДНИЦА“, освен Македонците, за кои не е предвидено дека може да ја изразат својата национална припадност како „припадници на македонскиот НАРОД“што е гарантирано со Уставот. Всушност, со Метологијата, како понизок, ПОДЗАКОНСКИ правен акт, припадниците на македонскиот НАРОД, се избришани како НАРОД! На посреден начин, ПРОТИВУСТАВНО, Македонците може да се изјаснуваат исклучиво како припадници на „етничка ЗАЕДНИЦА“. Практично, секој попишан Македонец, своерачно и доброволно (треба!) да ПРИЗНАЕ дека повеќе не е НАРОД, туку е МАЛЦИНСТВО во сопствената држава!
Перфидно смислено како – круцијален, доброволен чин на тивко, ИНДИВИДУАЛНО самоубиство, после извршеното НАЦИОНАЛНО – преку промената на името и идентитетот со Преспанскиот и амандманите!
Со тоа, власта, а континуирано и Уставниот суд, подмолно, систематски и континуирано, го доостварува НЕЛЕГАЛНИОТ и насилнички НАМЕТНАТ ПРОЕКТ за бришење на македонскиот НАРОД, како мнозински, конститутивен народ на својата ЕДИНСТВЕНА МАТИЧНА македонска ДРЖАВА, историски и формално јасно конституирана како НАЦОНАЛНА држава на нејзиниот македонски НАРОД, уште од АСНОМските документи, уставите во југословенската Федерација и Уставот и Референдумот од 1991. за нејзиното осамостојување, во која, припадниците на малцинстава, на највисок степен, гарантирано, ги уживаат сите човекови и граѓански права и над стандардите утврдени со меѓународното право, дури и на штета на функционционалноста на државата! Бришењето е започнато со Рамковниот и амандманите од 2001., а потемелно е разработено со Преспанскиот договор, а сега, највулгарно и вандалски изразено во спроведување и на Бугарскиот.
Но, како и секој, па и овој ЗЛОЧИН, во суштина ЕТНОЦИД над македонскиот НАРОД, не е совршен! Во тоа лежи основата за правната борба против него! Имено, и покрај низата сукцесивни бришења на МАКЕДОНСТВОТО од Уставот и другите правни акти, категоријата „МАКЕДОНСКИ НАРОД“ останува во сите државотворни документи (иако криминално рудиментирани), па, така, задржана е и во Преамбулата на Уставот, како и во Амандаманот 36. на чл.49 на Уставот, што е правна основа за нужна ДИСТИНКЦИЈА меѓу категориите НАРОД и МАЛЦИНСТВА („делови од народи“) кои се во согласност со правната доктрина и низа меѓународни акти, кои се ратификувани од македонската држава во континуитет, и се дел од нејзиниот правен поредок, согласно Уставот!
Што вели Уставниот суд по оваа Иницијатива:
На осум (8) страници, со конфузно и беспредметно цитирање низа амандмани и законски одредби, наместо да се произнесе за предметот на Иницијативата (за ОНЕВОЗМОЖУВАЊЕ на Македонците да се изјаснат како припадници на македонскиот НАРОД), тој, исклучиво воден од целите за НЕГИРАЊЕ на македонскиот НАРОД, ја менува поентата на Иницијативата и противуставно, правно неосновано, конфузно, неконсеквентно и дилетантски, македонскиот НАРОД прво, според Методологијата, го сведува на категорија на МАЛЦИНСТВО, а второ, малцинствата, според некаков измислен, противуставен „ПОШИРОК КОНЦЕПТ“, ги промовира во НАРОД!
Конкретно, Судот, со Решение (Убр. 23/21 од 12.05.2021.) се обидува да го оправда својот став за неповедување постапка по Иницијативата, со следното објаснување: „ Определбата во „етнокултурните карактеристики“ на Методологијата, каде како белези на населението меѓудругото е и „припадност кон етничка з а е д н и ц а “, со прашање на Пописот за „етничка п р и п а д н о с т“ на лицето што се попишува, не се повредува припадноста на македонскиот народ или делови од дуги народи, туку се дозволува со овој прашалник изразување на еден ПОШИРОК КОНЦЕПТ на припадноста на н а р о д и т е во рамки на н а с е л е н и е т о кое е предмет на попишување на Пописот 2021. година“
Што, всушност, со оваа правна какофонија, кажува Уставниот суд, спротивно на Уставот, меѓународното право и правната наука:
- Не прави разлика меѓу ПРАВОТО на слоборно изразување на својата НАЦИОНАЛНА ПРИПАДНОСТ кон македонскиот НАРОД и кон МАЛЦИНСТВО („делови од народи“)!
- Ги изедначува поимите/категориите на Национална/етничка ПРИПАДНОСТ со ЗАЕДНИЦА и НАРОД, а нив и со НАРОД и МАЛЦИНСТВО!
- Државотворниот, мнозински НАРОД, кој, за сите држави е основната СУПСТАНЦА на државотворноста, а што е во врска и со идентитетските прашања, според Судот, е само едно од МАЛЦИНСТВАТА во државата (еднакво на нивните „етнички ЗАЕДНИЦИ“), со што ја исклучува идентитетската компонента на македонскиот НАРОД!
- Иако со низата меѓународни правни акти ( кои со ратификување од МК и се дел од нејзинот правен поредок) се утврдуваат правата на етничките малцинства, што само по себе потврдува дека ПОСТОИ – МНОЗИНСКИ НАРОД, Судот, го НЕГИРА постоењето на посебниот, МНОЗИНСКИ македонски НАРОД како основна СУПСТАНЦА/ИДЕНТИТЕТ на македонската држава, сведувајќи го на степен на МАЛЦИНСТВО, со што ги погазува и ратификуваните меѓународни акти и нејзиниот правен систем чиј се дел!
- Категориите „македонскиот НАРОД“ и „ДЕЛОВИТЕ од народите“ (малцинствата) ги подведува под нова, уставно НАЕПОСТОЕЧКА категорија – „ припадници на НАРОДИ“ што е целосно непозната за ниеден постоечки концепт на држава во светот (ниту граѓански, ниту национален), освен за кон/федерација, поставена наглавачки! Затоа што „граѓанскиот“ не признава малцинства, „националниот“ признава мнозински народ, а кон/федерација се основа од посебни формални, државни единки, а не обратно, како што Судот наметнува!
- Судот „заборавил“ дека македонската држава, по уставна дефиниција е УНИТАРНА од една страна, а од друга, и контрадикторно на унитарноста – НЕ Е доследно ГРАЃАНСКА, туку МУЛТИЕТНИЧКА, во која,според бројот на припадниците на малцинствата, тие имаат посебни права наспрема МНОЗИНСКИОТ НАРОД, што насилно, од 2001. е пропишано дека е од значење за самото функционирање на Државата, и на штета на принципите на демократијата!
- Својата уставно утврдена надлежност и делокруг за работа – „ ЗАШТИТА на уставноста и законитоста“, за која ужива врвна позиција, статус, бенефити, но и одговорност, Судот ја трансформира во директно РУШЕЊЕ на уставноста и законитоста! И тн.
Оттука, да шпекулираме – кој е тој „ПОШИРОК КОНЦЕПТ“ на кој се повикува Уставниот суд:
Дали мисли на формирање нова, непозната форма на државна заедница составена од различни НАРОДИ, (како некаква квази кон/федерација), но по обратна насока од природно и научно поткрепеното формирање вакви држави, со некаква нова ЕДИНСТВЕНА „СЕВЕРНА НАЦИЈА“ во која нема мнозински НАРОД, туку збирутинка од секакви етнички малцинства и групи со НОВ статус на „посебни НАРОДИ“… Во која, ќе биде проблематизирано постоењето на посебен македонскиот НАРОД, бидејќи, тој ќе нема своја ДРУГА МАТИЧНА ДРЖАВА, а неговите малцинства не се признати во соседните држави или се водат организарини кампањи за нивно преименување, што, само по себе е правен аргумент дека не постои и македонски народ! Или пак мисли дека малцинствата, во интерес на новата политичка „СЕВЕРНА НАЦИЈА“ би се откажале од своите етнички посебности и посебни права во функционирањето на државата (од Бадентерово гласање, правичната застапеност во вработувањето, образованието, етничкиот состав на органи итн), па оттука, и формирање ГРАЃАНСКИ концепт на државата каде сите граѓани ќе бидат рамноправни без никакви привилегии по етничка основа, како што постоечкиот Устав налага? И т.н…Според кои истражувања на теренот, светските искуства и правната доктрина?
И конечно:
Колку Уставниот суд, со ова Решение и „аргументи“ свесно, или од незнање – директно го НЕГИРА постоечкиот Устав и трасира правна основа за негово непочитување, поставувајќи ги контурите на нова држава со некаков „ПОШИРОК КОНЦЕПТ“?
Со кое овластување Уставниот суд си дозволува да го прекршува Уставот, научните постулати и меѓународното право?
Всушност, Судот, и во овој случај, со својот „поширок концепт“ се легитимира како СОУЧЕСНИК на ПОШИРОКИОТ ФАШИСТИЧКИ, АНТИМАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ на Проектот „Бришење на МАКЕДОНСТВОТО“!
Како и да е, судиите, гарантирано, со ваков став, нема да се најдат на црната листа на нивниот аздисан газда!
Јуни, 2021.