Дејан Трајковски
Повторно пожар денеска во Асамати, само што сега успеав да го угасам сам, со пумпа за прскање овошки и една кофа – се на се со 20 литри вода попрскани каде што треба. Зажарените пенушки ќе треба да се ладат и да се контролира пожариштето на саат време.
Уште една потврда дека пожарот најлесно се гаси на почетокот, исто како и епидемијата. Една кофа и еден човек имаат ефект како цистерна со 2000 литри вода и цело ПП одделение, ако се започне со гасење на време.
Во случајот со епидемијата, со 5 дена локдаун на Тетово и Велес на почетокот, немаше да стигнеме до 800 случаи дневно и 50 умрени и тоа само за почеток.
Ама толку разбираат нашите големи “стручњаци” кои воведуваат контрола на граница откако вирусот ни влезе преку граница и сега се шири со локална трансмисија. Какви епски лузери!