Возач на трактор се здобил со тешки повреди во страшна сообраќајка која се случила вчера на патот Прилеп-Македонски Брод.

МВР информира дека на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, кај влезот за селото Дебреште, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „ИМТ“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од 39-годишниот О.М. од селото Дебреште и товарно возило „Сканија“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 33-годишниот Б.С. од Крушево, при што со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, а со телесни повреди се здобила сопатничката О.С.(39).

Двајцата биле пренесени во болницата во Прилеп.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.