Американскиот претседател Доналд Трамп нагласи денеска дека трговскиот договор со Кина ќе се реализира ако е можно, но ако двете страни не успеат да решат несогласувања, тој нема да се откаже од воведување царини.
Трамп тврди дека неговите советници за трговија ќе одлучат за тоа дали е можен „вистински договор“ со Кина.
– Ако е можен договор, ќе го реализираме. Но, ако не е, запамтете, јас сум оној кој наметнува царини, напиша Трамп на Твитер.
Претседателот спомена можност за продолжувње на 90-дневното примирје што во викендот беше договорено со кинескиот колега Си Џинпинг.
– Преговорите со Кина почнаа. Ако не бидат продолжени, ќе завршат за 90 денови од денот на нашата вечера со претседателот Си во Аргентина, напиша Трамп.