Акциите на актуелната американска администрација во ситуацијата околу Украина може да доведат до светска војна, смета поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
– Мораме да бидеме внимателни, бидејќи начинот на кој го управуваме ова може да заврши во следната светска војна, рече Трамп на настанот на поддржувачи во Нешвил, Тенеси.
Трамп рече дека сегашната ситуација околу Украина немаше да се случи доколку тој останеше претседател на САД.
– Ова веројатно ќе доведе до трета светска војна поради начинот на кој управуваме со ова. Одвојуваме 40 милијарди долари на врвот на другите 16 милијарди, тоа се 56 милијарди, рече Трамп.
Тој истакна дека Европа помага само мал дел од она што го издвојуваат САД.
Рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антонов предупреди дека милитаризацијата на Украина директно ги загрозува интересите на европската и глобалната безбедност и дека снабдувањето со оружје од Вашингтон води кон директен судир на Русија со САД.