Претседателот на САД, Доналд Трамп, кој заостанува во анкетите на помалку од еден месец пред претседателските избори во САД, денеска го нарече „лудак“ својот противкандидат, демократот Џозеф Бајден.
„Тој е луд со години и тоа го знаат сите“, објави Трамп на Твитер, додавајќи дека „медиумите се чувствуваат непријатно со него, а потоа се обидуваат да го заштитат“.
„Сигурно забележавте како негативна страна дека тој (Бајден) има многу слаб коефициент на интелигенција и дека никој никогаш тоа не го спомна! Лажна вест”, напиша американскиот претседател.
Трамп веќе неколку дена објавува непријатни пораки на Твитер.
„Медиумите за лажни вести сакаат да зборуваат само за коронавирусот“, наведе Трамп вчера по три дена поминати во болница поради вирусот.
Според најновите анкети, 41 процент од граѓаните би гласале за Трамп, а 57 проценти за Бајден