Директорот на националното разузнавање Џон Ратклиф во вторникот ги декласифицираше документите во кои се открива дека поранешниот директор на ЦИА, Џон Бренан, го информирал поранешниот претседател Обама за планот на Хилари Клинтон да го поврзе тогашниот претседателски кандидат Доналд Трамп со Русија – како „средство за оттргнување на вниманието на јавноста од скандалот со употребата на приватниот емејл за државниччки работи“, објабуваат американските медиуми, меѓу кои и Фокс Њуз, Брејтбарт итн.

Фокс Њуз информира дека Ратклиф декласифицирал две ставки – две страници рачно напишани од страна на Бренан – составени откако тој го информирал Обама за разузнавачките информации што ги добила ЦИА. Декласифициран е и меморандумот на ЦИА што покажал дека ЦИА го упатила прашањето до ФБИ за потенцијална понатамошна истрага.

Повеќето ракописни белешки на Бренан се преработени пишва Брејтбарт и продолжува:

„Сепак, нередактираните делови велат:

„[Добиваме] дополнителен увид во руските активности од [ПРЕРАБОТЕНО]. „Цитирајте го наводното одобрување од Хилари Клинтон [на 26 јули] за предлогот на еден нејзин советник за надворешна политика да го омаловажува [Доналд Трамп] со разгорување на скандал со тврдење за мешање на руските безбедносни служби“, напишал Брнеан.

Еден разузнавачки службеник во позадина за откривањето изјави:

„Американскиот народ заслужува да види како Белата куќа Обама-Бајден и од нив именувани функционери во ДО и ЦИА ја политизираа нашата работа, бидејќи многумина од нив сега се обидуваат да ја вратат власта. Ние само сакаме да го зачуваме американскиот народ безбеден. На тоа се фокусираме секој час. Не сакаме да се вратиме на нашата важна работа, злоупотребена како политичко оружје на демократите.“

Остатокот од белешките на Бренан се чини дека е поврзан со различни претставници на администрацијата на Обама – веројатно за она што тие го кажале или сакале да го преземат. Во левата маргина, тој напишал „POTUS“ (претседател на САД, н.з.) а надесно, потоа потцртал три белешки. Две се редактирани, а едната вели: „Било каков доказ за соработка помеѓу кампањата на Трамп + Русија“.

Потоа, тој го напишал “JC” во левата маргина – веројатно упатува на тогашниот директор на ФБИ, Џејмс Коми. Има и четири дополнителни белешки од десната страна, сите редактирани.

Потцртал и друг ред, без дополнително име, со една белешка што е редактирана.

Подвлечен е  друг ред, а под тоа во левата маргина напишано е „Денис“ – најверојатно во врска со тогашниот началник на Генералштабот на Белата куќа Денис МекДонау….

Сите наредни белешки се редактирани, анекои упатуваат тогашната советничка за национална безбедност, Сузан Рајс.

Новинарот на RealClearInvestigations Пол Спери во понеделникот вечерта објави дека советникот за надворешна политика на Клинтон, кој, наводно, предложил да се омаловажува Трамп е Џејк Саливан, кој сега е врвен соработник на кампањата на Бајден.