Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Јапонија да ја зголеми за четирипати сумата за американските сили стационирани во државата, објави Форин полиси, повикувајќи се на неименувани сегашни и поранешни американски функционери, во момент кога Вашингтон ги притиска долгогодишните сојузници за да ги зголемат трошоците за одбрана.
Вашингтон сака Токио да ги зголеми годишните исплати за 54.000 американски трупи во Јапонија на околу осум милијарди американски долари од околу две милијарди американски долари, објави Форин полиси, повикувајќи се на тројца неименувани поранешни официјални претставници во одбраната.
Сегашниот договор истекува во март 2021 година.
Барањето било испратено кон јапонските власти во јули од страна на Џон Болтон, во тоа време советник за национална безбедност на Трамп и Мет Потинџер, кој тогаш беше директор за Азија во Советот за национална безбедност, објави весникот.
Портпарол на јапонското МНР изјави дека не е точна веста на Форин полиси и дека нема преговори за нов договор меѓу САД и Јапонија.