Претседателот на САД, Доналд Трамп ја исмеа сенаторката од Масачусетс, Елизабет Воран одговарајќи му на новинарот на Фокс њуз да го праша нејзиниот психијатар дали таа може да го победи на претседателските избори во 2020 година.
Трамп ја прозва Ворен и за ДНК анализата со која таа се обиде да докаже дека има индијанско потекло. Ворен често говореше за индијанското потекло на нејзината фамилија, но Трамп ги исмеваше нејзините тврдења и ја нараче Покахонтас. Анализата покажа дека Ворен има само 1/1024 индијанска крв, а тоа го инспирира Трамп да продолжи да ја исмева сенаторката.
– Мина многу лошо со тврдењата дека има индијанско потекло. Тоа не и мина добро. Мислам дека ти имаш повеќе индијанска крв отколку таа, а можеби и јас, а јас немам воопшто. Ќе видиме како ќе помине. И посакувам се најдобро, би сакал да се борам против нејзе, рече Трамп.
На констатацијата од новинарот дека таа смета оти може да победи и прашањето дали Трамп смета дека таа верува оти ќе победи, Трамп рече дека тоа не го знае.
– Тоа морате да го прашате нејзиниот психијатар, рече Трамп.