Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека демократите се „левичарски мразачи и радикали”, кои се обидуваат да ги „уништат американските институции”.
Тој исто така ги опиша како „гадни”. Трамп низата навреди ги изнесе на донаторска вечера во Охајо во обид да ги обедини поделените републиканци во таа федерална држава пред ноемвриските избори за Конгресот.
Според него, со демократите „секогаш е негативно, гадно, бидејќи го прогонуваат”.
Анкетите за јавното мислење покажуваат дека мнозинството демократи не се задоволни како Трамп ја раководи земјата, но тој вели дека мораат да преминат и да прифатат дека е претседател.
– Победивме на изборите. Повторно ќе победиме во 2020 година. Тоа се гадни луѓе, додаде Трамп.