Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа објави дека побарал од морнарицата на САД да пука врз ирански бродови што ги вознемируваат американските бродови.
„Наредив морнарицата на САД да пука и уништи какви било ирански бродови што ги вознемируваат нашите бродови“, напиша Трамп на својот профил на Твитер, по една недела напнатост во Персискиот Залив.
Заменик-секретарот за одбрана Дејвид Норквист подоцна се обиде да ја ублажи објавата на Трамп, прогласувајќи ја за „важно предупредување кон Иранците“.
Минатата среда американската армија објави дека 11 бродови на Иранската револуционерна гарда неколкупати се приближиле до воени воени бродови во Персискиот Залив на „опасено и вознемирувачки“ начин. Кон американските бродови се приближиле со голема брзина, а во некои случаи тоа било на само девет метри, се вели во соопштение од Командата на морнарицата.
Инцидентот, наводно, се случил во меѓународните води за време на вежба во која учествувале хеликоптери Апачи.
– Наместо да заплашува други, би било подобро Трамп да ги „спаси“ од големата криза со Ковид-19, изјави денеска портпарол на иранските вооружени сили.
– Ако Американците се вешти и способни тие ќе ги повлечат своите трупи од Блискиот исток да ги спасат од коронавирусот и што побрзо да мобилизираат свои други сили во САД да го спасат својот народ од голематакриза што ја погоди таа држава, изјави генерал Абдулфази Шекарши за ирански медиуми.