Прашања за претседателот на САД, Доналд Трамп и негови одговори, на Денот на благодарноста, во Мар е Ларго, по смртта на припадничката на Националната гарда, Сара Бекстром (20), која, заедно со нејзиниот колега, кој е во критична состојба, беа погодени во Вашингтон, со истрели од Авганистанец, кој бил соработник на ЦИА додека американската војска беше во Авганистан.

ПРАШАЊЕ: Здраво, господине претседателе. Мило ми е што Ве гледам…

ТРАМП: Ви благодарам многу…

ПРАШАЊЕ: Среќен Ден на благодарноста. Прашање во врска со ова трагично пукање во Вашингтон. Американските претставници велат дека осомничениот соработувал многу тесно со ЦИА во Авганистан со години, но бил проверен и проверката излегла чиста.

ТРАМП: Тој полудел. Мислам, полудел. И тоа се случува. Се случува премногу често со овие луѓе. Го гледате? Но, погледнете, вака влегуваат (покажува фотографии, н.з.). Вака стојат еден врз друг во… Тоа е авион. Немало проверка или нешто слично. Тие влегле непроверени и имаме многу други во оваа земја. Ќе ги извадиме. Но, тие полудуваат. Нешто им се случува.

ПРАШАЊЕ: Вашето Министерство за правда штотуку објави оваа година дека имало темелна проверка од страна на Министерството за безбедност и ФБИ на овие Авганистанци кои биле донесени во САД. Па зошто ја обвинувате администрацијата на Бајден?

ТРАМП: Ги пуштија внатре (во САД). Глупава ли си? Дали си ти глупава личност? Затоа што влегоа со авион заедно со илјадници други луѓе кои не треба да бидат тука. А ти само поставуваш прашања затоа што си глупава личност. И ние имаме донесено закон според кој е речиси невозможно да се извадат. Не можеш да ги извадиш откако ќе влезат. И влегоа и беа непроверени. Беа непроверени. Имаше многу од нив. И влегоа со големи авиони. И тоа беше срамно. И ако погледнете, ќе видите дека беше донесен закон. Со него е речиси невозможно да не се пуштат внатре, да не се сертифицираат, така да се каже, откако ќе влезат. И влегоа во САД, а не требаше да влезат. И искрено, целата работа беше хаос. Целата ситуација со Авганистан беше хаос. Не требаше, никогаш не требаше да се случи. Ако требаше да излеземе, ќе излезевме затоа што ги имав сите подготвени. Ќе излезевме со сила, достоинство и прецизност… Но, кога ќе им дозволите на луѓето да влезат илјадници и илјадници и илјадници, тие направија ужасна грешка, зашто беа неспособни.

ПРАШАЊЕ: Господине претседателе, ви благодариме што нè поканивте тука вечерва. Дали разговаравте со семејството на Сара и Ендру?

ТРАМП: Ќе имаме повик за кратко време, всушност веднаш по ова.

ПРАШАЊЕ: Дали планирате да…?

ТРАМП: Па, семејството е скршено како што можете да замислите, но ние разговаравме. Мислам, моите луѓе разговараа со семејството. Ќе разговараме вечерва, но утре треба да им дадеме малку информации. Тие штотуку дознаа за нивната ќерка. Знаете, не можете да се јавите само две секунди подоцна.

ПРАШАЊЕ: Очигледно е во рана фаза ова, но дали планирате да присуствувате на погребот на Сара?

ТРАМП: Сè уште не сум размислувал за тоа, но секако е нешто што би можел да го замислам. Ја сакам Западна Вирџинија. Знаете, ја освоив Западна Вирџинија со една од најголемите победи од било каде. И тоа се, знаете, овие се одлични луѓе. Ги сакам луѓето од Западна Вирџинија. Ги сакам луѓето од нашата земја, но не сум размислувал за тоа, но звучи како нешто што би можел да го направам. Се е се уште многу свежо…

ПРАШАЊЕ: Осомничениот има сопруга и пет деца кои живеат во Вашингтон. Дали планирате да ги депортирате?

ТРАМП: Па, го разгледуваме тоа во моментов. Ја разгледуваме целата ситуација со семејството. Тоа е трагична ситуација.

ПРАШАЊЕ: Господине претседателе, дали има некои промени што сакате да ги направите за да се подобри безбедноста на припадниците на Националната гарда кои се испраќаат во овие градови?

ТРАМП: Не, само сакам да имаме повеќе. Ние, како што знаете, испраќаме уште 500. Имавме многу малку криминал во Вашингтон сега, знаете, многу месеци. Рекордно низок криминал. Но, ова е малку различно. Ова е закана од тероризам. И ова беше направено затоа што се толку ефикасни. Ако не беа ефикасни, веројатно немаше да се случи ова. Ова беше направено затоа што Националната гарда беше толку ефикасна. Знаете, од огромна количина криминал и смрт, убивање, сè друго, преминавме во мирна ситуацијаништо. И ова се случи, претпоставувам, затоа што беше акцијата на Националната гарда беше толку ефикасна. И можеби овој човек беше вознемирен затоа што не можеше веќе да врши криминал. Којзнае каква беше неговата мотивација, но она што го направи беше ужасно.

ПРАШАЊЕ: И направивте промени за можноста Авганистанците да аплицираат за азил. Дали ги обвинувате сите Авганистанци за тоа што овој човек направи?

ТРАМП: Но, имавме многу проблеми со Авганистанците затоа што многумина доаѓаа со овие авиони. Повторно, ви ја покажувам оваа слика. Имавме многумина како влегуваат со овие авиони, гледајте ги. Немаше проверка. Тие едноставно се влеваа во авионот. И многу од овие луѓе се криминалци. Многу од овие луѓе се луѓе кои не треба да бидат тука. И многу од нив се протерани. Но, многу од нив останаа, нели?