Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе понуди алтернативен настан откако му беше оневозможено да одржи говор во Конгресот за состојбата на нацијата.
– Тоа е срамота, реагираше Трамп по одлуката на претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот, Ненси Пелоси.
Имено, таа го извести вчера дека нема да му дозволи да одржи говор за состојбата на нацијата пред тој дом поради делумната блокада на владата. Трамп во писмо до неа претходно нагласи дека се радува за говорот на нацијата пред Конгресот на 29 јануари, по што таа му одговори дека тоа нема да биде можно додека делумната блокада на владата не биде прекината.
Претседателот има обврска до Конгресот да поднесе годишен извештај за состојбата на нацијата.