Најмалку 5 лица се убиени во пукотница во банка во Флорида, а осомничениот напаѓач е уапсен, соопшти официјални лица.

Името на младичот осомничен за нападот, кој има 21 година, не е соопштено, јави Ројтерс.

Тој влегол во банката Сан Траст во градот Себринг и почнал да пука, соопштено е на прес конференцијата од шефот на полицијата во градот, Карл Хоглунд.

Други детали засега не се соопштени.