Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги обвини Твитер, Фејсбук и Гугл дека се пристрасни и ги поддржуваат неговите противници – демократите.

Тој на Твитер го обвини Твитер дека поставува пречки за корисниците кои сакаат да го следат на таа социјална мрежа.

„Фејсбук, Твитер и Гугл се толку ангажирани во корист на демократите, што тоа е едноставно смешно“, напиша Трамп.

Тој во август тврдеше дека овие социјални мрежи, како и Гугл, понекогаш нечесно се однесуваат кон републиканците и конзервативно-ориентираните Американци.