Американската војска изведе кибер напад врз компјутерските системи на иранската армија откако американскиот претседател Доналд Трамп се откажа од плановите да се изведе конвенционален воен удар врз Иран поради соборувањето на американското беспилотно летало, соопштија американски официјални претставници.
Кибер-нападите биле извршени со одобрение на Трамп, потврдија двајца претставници за медиумите, но не сакаа да бидат именувани.
US ‘launched cyber-attack on Iran weapons systems’ https://t.co/Pl34n0oKV9
— F24 UK (@F24UKLimited) June 23, 2019
Кибер-нападите, кои беа планирани во текот на неколку недели поради зголемените тензии, ги прекинаа компјутерските системи на Иран, кои ги контролираат ракетите, велат официјалните претставници.
Тие додадоа дека целта на кибер нападот е компјутерскиот систем на Иранската исламска револуционерна гарда, која администрацијата Трамп ја обележа како странска терористичка група претходно оваа година.