Доналд Трамп во објава на социјалните мрежи објави дека иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи е мртов, оценувајќи го како „еден од најзлобните луѓе во историјата“.
Во статусот, Трамп наведува дека акцијата била спроведена со помош на американски разузнавачки служби и „високо софистицирани системи за следење“, во координација со Израел.
Според него, покрај Хамнеи, биле убиени и други ирански лидери.
Трамп оценува дека ова претставува „најголема шанса“ за иранскиот народ да ја врати контролата врз државата. Тој тврди дека дел од припадниците на Иранската револуционерна гарда, војската и безбедносните сили наводно бараат имунитет и не сакаат повеќе да се борат.
Во објавата се најавува продолжување на „тешко и прецизно бомбардирање“ во текот на неделата или сè додека, како што наведува Трамп, не се постигне целта – „мир на Блискиот Исток и во светот“.




