Белата куќа нема повеќе да биде претплатник на „Њујорк тајмс“ и Вашингтон пост“ бидејќи американскиот претседател Дпоналд Трамп оценил дека тие два весника не се чесни кон него. „Не ја обновивме претплатата“ изјавила за Франс прес портпаролката на Белата куќа Стефани Гришам.
Трам во понеделникот на Фокс њуз повторно го критикувал „Њујорк тајмс“.
„Не го сакаме во Белата куќа. Веројатно нема веќе да бидеме претплатници ни на Вашингтон посто“, рекол Трамп истакнувајќи дека смета дека тие два весника се „лажни“.