Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека јапонскиот премиер Шинзо Абе го предложил за кандидат за Нобелова награда за мир поради неговата работа за отпочнување дијалог со Северна Кореја.
Говорејќи за претстојниот самит со лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун во Виетнам, Трамп рече дека неговите први контакти со Ким биле преполни со „оган и бес”, но дека двајцата лидери, од првиот состанок минатата година, воспоставиле добри односи.
Тој додаде дека јапонскиот премиер му дал копија од писмото што го напишал, во кое тој го предложил за кандидат за Нобелова награда.