Принцот Чарлс ќе ја направи првата посета на член на британското кралско семејство на Куба. Тоа ќе се случи во март, соопшти кабинетот на престолонаследникот.

Принцот и сопругата Камила, војвотката од Корнвол, ќе престојуваат четири дена на Куба, во рамките на пошироката турнеја на Карибите, соопштија од неговата резиденција.