Трамп ќе учествува на маршот против абортусот, групата на Сузан Лист собрала 52 милиони за негов реизбор

/ 23.01.2020

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека лично ќе учествува на традиционалниот конзервативен настан Марш за живот, годишен собир на активисти против абортусот во САД, кој утре се одржува во Вашингтон.

Тој ќе биде првиот американски претседател кој најавил лично учество на маршот – некои од републиканските претседатели досега се обраќале на митингот преку телефон или испраќаа видео пораки.

Трамп се одлучи да се појави на маршот на 47-годишнината од овој протестен настан против усвојување на законот за право на абортус во САД, поради сè посилната поддршка што тој ја има од групите кои се борат против прекинување на бременоста.

Така, пред неколку дена групата на Сузан Лист, една од најголемите што се борат против абортус, соопшти дека собрала 52 милиони долари кои ќе се потрошат за реизбор на Трамп и задржување на мнозинството на републиканците во Сенатот.

Протестниот Маршот за живот, започна во 1974 година, кога Врховниот суд на САД го озакони предвременото прекинување на бременоста во земјата.


Од истата категорија