Американскиот претседател Доналд Трамп најави организирање големи отворени собири во четири американски држави, Флорида, Аризона, Северна Каролина и Оклахома. Првиот собир ќе биде на 19 јуни во Тулса, во Оклахома.
Трамп никогаш не криел дека не може да чека да ја започне изборната кампања повторно, што беше прекината во март поради епидемијата на коронавирусот.
Неговиот тим досега не даде индикации за здравствените услови во кои ќе се организираат тие големи собири за да се избегне ширењето на коронавирусот.