Претседателот на САД, Доналд Трамп објави дека повеќе не вреди да им се обраќа на новинарите за пандемијата со новиот коронавирус.
Тој тоа синоќа го напиша на Твитер, откако предизвика светска полемика со изјавата Ковид-19 да се лекува со дезинфикациски средства.
– За што служат конференциите за новинарите во Белата куќа кога медиумите се оринетирани да поставуваат непријателски прашања и потоа одбиваат да ја кажат вистината или точните факти. Имаат рекордни конференции, а американскиот народ нема ништо освен лажни вести. Затоа не заслужува да се трудам, напиша Трамп на Твитер.