Американскиот претседател Доналд Трамп навести можност САД да основаат „сопствена светска медиумска мрежа“ за да се спротивстават на „лажните вести“ кои, како што рече, ги шири Си-Ен-Ен во светот.
Трамп на Твитер напиша дека Си-Ен-Ен „во светот има моќен глас кој САД ги претставува на неправеден и погрешен начин“.
– Нешто мора да се направи, вклучувајќи ја и можноста САД да основаат сопствена Светска мрежа за да му покажеме на светот какви сме ние всушност, големи, истакна американскиот претседател.