Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува „многу брзо“ да се договори за целосен прекин на огнот во Украина.

Во изјавата за новинарите денеска во Овалната соба, Трамп рече дека по прекинот на огнот ќе следи „договор“ за поделба на украинската територија меѓу Москва и Киев.

„Во моментов се водат преговори за договор, конкретно за поделба на територијата. За тоа се преговара токму сега, додека зборуваме овде“, рече Трамп, кој разговараше со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела.

Запрашан од новинарите дали САД ќе воведат санкции кон Русија за нејзините континуирани напади врз Украина, Трамп одговори: „Па, тие се борат меѓу себе“.