Доналд Трамп отвори канцеларија на Флорида, која ќе ги води неговите работи како поранешен претседател на САД и ќе ги промовира програмите на неговата администрација.

„Кабинетот ќе биде одговорен за  водење на кореспонденцијата на претседателот Трамп, за неговите јавни настапи и појавувања и официјални активности за промовирање на интересите на САД и програмите на администрацијата на Трамп преку активизам“, се вели во соопштението од неговиот тим.

Во меѓувреме, Претставничкиот дом му го предаде на Сенатот обвинението против Трамп за поттикнување бунт за време на говорот одржан непосредно пред упадот на неговите приврзаници во зградата на капитол Хил на 6 јануари. Судењето треба да почне на 9 февруари.