Американскиот претседател денеска потпиша указ со кој стави крај на практиката на разделување на деца-мигранти од нивните родители, кои нелегално влегле во САД.
– Не ми се допаѓа да гледам како се разделуваат семејствата- рече Трамп на церемонијата на потпишувањето на нормативниот акт.
Во исто време, тој истакна дека здравата стража на јужната граница на САД со Мексико останува приоритет за него.
Американски медиуми коментираат дека указот на Трамп е спектакуларен пресврт, кој става крај на една практика, која доби бројни критики.
Претходно извор од владата најави дека Трамп ќе потпише нормативен акт уште денеска.
Тој објасни дека указот ќе им даде на илегалните имигранти со деца предност при разгледување на нивните случаи. Нормативниот акт, сепак, нема да стави крај на т.н. политика на нулта толеранција на администрацијата на Трамп кон илегалната имиграција, истакна цитираниот извор, кој побара анонимност.
Претседателот на САД претходно рече дека наскоро ќе потпише „нешто” со цел запирање на поделбата на децата мигранти од нивните родители, со кои влегле нелегално во земјата.