Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ за одговорности за мешање во избори во САД, изјави денеска советникот на Трамп за национална безбедност, Џон Болтон.
– Претседателот Трамп го потпиша указот. Наскоро ќе биде објавен, изјави Болтон.
Документот предвидува воведуавње сакнции за странски лица и организации кои специјалните служби ќе ги осомничат за мешање во избори преку кибер напади или на кој било друг начин. Во указот не се споменуваат конкретни држави бидејќи според Болтон, „заканите за изборите доаѓаат од неколку извори“. Тој потсети дека администрацијата неколку пати соопштила за знаци за мешање на Русија, но и Кина и Северна Кореја во изборите.