Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека адвокатот на Белата куќа Дон МекГен не е стаорец како што тоа бил за време на аферата Вотергејт, адвокатот на тогашниот претседател на САД, Ричард Никсон, Џон Дин, а истрагата на руското меѓање во американските избори Трамп го нарече „макартизам“.

Трамп истакна дека „пропаднатиот Њујорк тајмс напиша лажен текст наведувајќи дека правниот советник во Белата куќа, Дон МекГен откако со часови сведочел пред специјални истражител, е исти тип на „стаорец“ како Џон Дин.

– Но, јас нему како и на други им дозволив да сведочат …Немам што да кријам, нагласи Трамп.

Дин беше правен советник на Никсон за време на скандалот Вотергејт и на крајот соработуваше со обвинителството и помогна да се дојде до завршница на претседателскиот мандат на Никсон кој поднесе оставкка во 1974 година.

– За разлика од Никсон, Трамп нема да отиде своеволно или грациозно, наведува Дин на Твитер. Тој изнесе сомнеж дека Трамп има „каква било идеја што МекГен му рекол на Малер“ и дека како што наведе, Никсон знаел дека има средби со обвинители.

Реагирајќи на текстот во Њујорк тајмс дека МекГен на специјалниот обвинител Малер му доставил детален приказ на ставови на Трамп во врска со клучни наоди од истрага, американскиот претседател ја спореди истрагата со онаа против комунистите што ја водеше покојниот сенатор Џозеф Макарти.

– Толку животи уништени поради ништо – макартизам, во најлошо светло! Проучувајте го покојниот Макарти затоа што сме сега во таков период кога Малер и неговата банда ќе направат Макарти да изгледа како бебе.Наместен лов на вештерки, објави Трамп на Твитер.

– Пропаднатиот Њујорк тајмс објави вест во која наводно адвокатот на Белата куќа е против претседателот, а всушност е обратно и новинарите тоа го знаат. Поради тоа лажните вести се непријатели на американскиот народ и тоа е лошо за Америка, напиша Трамп.