Кога на американскиот претседател Доналд Трамп ќе му здосади да го прашуваат за Путин и Русија и за тоа како рускиот претседател е виновен за се. Еве каква е тогаш неговата реакција:

Репортер:

Што ако Русија го прекрши примирјето?

Доналд Трамп:

Русија, па Русија, па Русија. А што ако ви падне бомба врз главата токму сега? Добро. Што ако го прекршат? Не знам. Го прекршија со Бајден затоа што не го почитуваа Бајден не го почитуваа. Не го почитуваа Обама. Ме почитуваат мене.

Да ви кажам, Путин помина низ многу со мене. Помина низ јавен линч каде што го искористија него и Русија… Русија, Русија, Русија. Дали некогаш сте слушнале за тој договор? Тој беше лажен. Тоа беше лажна измама на Хантер Бајден, Џо Бајден, Хилари Клинтон, Адам Шиф. Тоа беше измама на демократите. И тој мораше да помине низ тоа. И тој помина низ тоа. И ние завршивме во војна.

Беше обвинет за сите тие работи. Немаше никаква врска со тоа. Сето тоа излезе од купатилото на Хантер Бајден. Излезе од спалната на Хантер Бајден. Беше одвратно.

И потоа рекоа: „Лаптопот од пеколот го направи Русија“, 51 агенти го рекоа тоа. Се тоа беше измама. И тој мораше да го трпи тоа. Го обвинуваа за сите тие работи.

Се што можам да кажам е ова. Можеби ги прекршил договорите со Обама и Буш, а можеби ги прекршил и со Бајден. Ги прекршил. Можеби. Можеби не. Не знам што се случи, но не ги прекршил со мене.