„Единствено нешто што е повеќе фалсификат од фалсификуваните претседателски избори во САД се лажните вести на потиснатите медиуми. Без оглед на тоа колку е значајна веста, доколку е само малку позитивна за нас, а негативна за нив, нема да биде објавена“, напиша Трамп пред неполн час на Твитер, очигледни мислејќи на новите сознанија што неговиот тим ги има и ги презентираше за гласањето во Џорџија.
Претходно Трамп објави:
„Луѓето во Џорџија настинаа носејќи голем број гласачки ливчиња во машините за гласање“.
Објавата доаѓа за време на сослушувањето во Сенатот на таа земја во врска со тврдењата на неговиот тим дека имало изборни нерегуларности на претседателските избори.
Трамп ја дополни пораката и обраќајќи му се на гувернерот на Џорџија, Брајан Кемп. „Одлична работа!“, напиша Трамп, без дополнително објаснување.