По повод објавата на СЗО дека шведскиот модел на справуување со корона вирусот е модел за иднината, нешто што предизвика многумина да се се посомневаат во здравиот разум во СЗО, реагираше и американскиот претседател Доналд Трамп. Тој напиша:
„Шведска плаќа голема и тешка цена за својата одлука да не примени рестрикции. До денеска, 2462 лица умреа во Шведска, многу повеќе отколку во околните земји – Норвешка – 207, Финска – 206 и Данска – 443.
САД донеса правилна одлука!“
Инаку, Шведска има над 250 мртви на еден милион жители, и го држи седмото во светот на црната ранг листа. Сад имаат 156 мртви од корона на еден милион жители.
Соседите на Шведска: Данска – 78 на еден милион, Норвешка 38 на еден милон, а Финска 38 мртви на еден милион жители. Македонија исто така има 38 смртни случаи од корона на еден милион жители и е лидер меѓу соседите. Источниот сосед Бигарија има само 8 смртни случаи од корна ан еден милион жители.