Сто отсто од територијата што беше под контрола на џихадистичката Исламска држава во Ирак и во Сирија е ослободена. Тоа го изјави американскиот претседател Доналд Трамп.
-САД ќе останат будни кон ИД за да се борат против ИД додека таа конечно не биде победена каде и да дејствува, нагласи Трамп во изјавата.
Тој предупреди дека евентуални нови борци што би се вклучиле во таа органзиација ќе загинат.
„До сите млади луѓе кои на интернет веруваат во пропаганда на ИСИС – ќе бидете мртви ако се приклучите. Наместо тоа, размислете да имате одличен живот”, рече тој.