Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека САД имаат намера да го јакнат сопствениот арсенал нуклеарно оружје за да извршат притисок врз Русија и Кина.

Трамп наведе дека „Русија не се придржувала до Договорот за нуклеарно оружје од среден дострел“ потпишан во 1987 година и од кој се закани дека ќе ги повлече САД.

– Додека луѓето не се вразумат, САД ќе го јакнат сопствениот нуклеарен арсенал, изјави Трамп и додаде дека „тоа се однесува на Русија и на Кина“.