Тие кои ја негираат сопствената историја се осудена да ја повторат, напиша американскиот претседател Доналд Трамп во контекст на актуелните случувања во неговата земја.
Но, овој твит, не сакајќи, како да го наменил и за нас, вклучувајќи ги тука и сите оние од неговата држава кои продефилираа низ Македонија во изминатите 20-тина години и не убедуваа во спротивното. „Не гледајте назад…“ обично беше пораката од белосветските хохштаплери, американски и европски, кои со пари купија и многу овдешни за промоција на таквите идеи.
А, нашата историја е историја на поделба у губење на Македонија, дел по дел. Сега се одигрува последниот чин, здушно поддржан од овдешните предавници и од нивните ментори по светот.