Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се радува на „многу продуктивниот самит“ со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во Виетнам.
Трамп на Твитер објави дека тргнал за Ханој, каде што ќе се одржи средбата на двајцата лидери.
– Тргнав за Виетнам на состанокот со Ким Џонг-ун. Се радувам на многу продуктивниот самит, напиша Трамп на својот налог на Твитер.
Пред тргнувањето, Трамп во Вашингтон рече дека очекува „извонреден самит“, пренесе АП.
Трамп и Ким, кои се состануваат по вторпат, треба да разговараат за нуклеарната програма на Северна Кореја, а американскиот претседател нагласи дека неговата земја посакува денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.
Самитот на двајцата лидери ќе се одржи во среда и четврток во Ханој.
Лани во Сигнапур, Трамп и Ким се договорија да работат на целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.