Во изјава за новинарите во Овалната соба, Трамп изрази очекување дека во блиска иднина ќе има комплетен извештај за убиството на Кашоги.
– Тие имале многу лош основен концепт, и тој бил спроведен многу слабо, а обидите за прикривање на убиството се најлошото прикривање кое некогаш било направено, изјави Трамп и додаде дека обидите на Саудијците да го прикријат убиството биле „целосен неуспех“.
Саудиска Арабија прво соопшти дека соработникот на весникот „Вашингтон пост“ Џамал Кашоги, кој пишувал текстови со критики за принцот престолонаследник Мохамед бин Салман, починал при тепачка во саудискиот Конзулат во Истанбул на 2 октомври. Според турските власти, пак, екипа од 15 лица го мачела, убила и го исекла на парчиња неговото тело. Убиството било подготвувано неколку дена пред да биде извршено