Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека илегалните имигранти кои фрлаат камења врз војската треба да бидат уапсени, без да се пука кон нив.

Својот став го искажа еден ден откако навести дека армијата може да пука врз имигрантските карвани доколку тие фрлаат кон војниците со камења.

Трамп го заостри својот став кон мигрантите особено кон колоната мигранти кои се движат низ Мексико кон САД. Заостриувањето се случува пред изборите за Конгресот каде републиканците на Трамп се обидуваат да задржат превласт во двата дома.

Трамп во средата нагласи дека САД може да испратат на границата со Мексико и до 15.000 војници.