Иран почна со масовно производство на борбен авион – Косвар, контруиран во таа држава, јави Иранската телевизија.

– Наскоро ќе бидат произведени потребен број од тие авиони и ќе бидат во служба на Воздухопловните сили, соопшти иранскиот министер заодбрана Амир Хатами на церемонија по повод почетокот на производство на авиони.

Церемонијата ја пренесуваше државната телевизија.