Три лица се убиени, а петмина ранети во напад во студио за јога во Талахаси на Флорида, соопшти полицијата.

Напаѓачот убил две лица, по што извршил самоубиство.

Шефот на полицијата изјави дека засега неидентификуван напаѓач, кој бил сам, влегол во студиото и почнал да пука со пиштол врз присутните.

Градоначалникот Ендру Џилам, кој е демократски кандидат за гувернер, ја прекина кампањата и се врати во Талахаси, каде што ги посети повредените во болницата