Северна Кореја предупредува дека може повторно да почне програма за нуклеарно вооружување ако САД не укинат економски санкции, соопшти МНР во Пјонгјанг.

Министерството не се заканува дека државата ќе се откаже од преговорите со САД туку оценува дека Вашингтон не исполнува обврски од самитот на лидери на Северна Кореја и на САД од 12 јуни во Сингапур.

– САД веруваат дека со повторување на нивните санкции ќе предизвикаат денуклеаризација. Не можеме, а да не се насмееме на толку глупава идеја. Подобрување на односите и санкции не се компатибилни, оценува МНР на Северна Кореја.