Најмалку седум лица се убиени, а многу повеќе се ранети во вчерачниот напад на три автобуси кои се движеле кон коптски манастир во Египет.

Одговорноста, како што јави ХРТ, ја презелата таканаречената Исламска држава.

Нападот на христијанското копстко малцинство, кое изнасува 10 проценти од населението во Египет, во последнитегодини многу зачестија.

Службено лице го потврди синоќешниот напад во кој воооружени напаѓачи отвориле оган врз автобусот во централен Египет, соопштил за АФП покраинскиот бискуп.

Коптите, кои се христијанско малцинство сочинуваат 10 отсто од 96 милиони жители на Египет, се зачестена мета на џихадистичките групи на Исламска држава.

Џихадистите убија повеќе од 40 лица во бомбашкиот напад на две цркви во август минатата година, а еден месец потоа 30 христијани во покраината Миниа, додека со автобус се движеле кон манастир.

Во декември лани џихадистите убија девет лица во напад на црква во предградите на југот од Каиро.