Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги спореди годишните расходи на САД за операциите во Авганистан со воениот буџет на Русија.
– Трошевме само 42 милијарди долари годишно. Замислете, 42 милијарди. Колку што сфатив, Русија годишно троши 50 милијарди за цела војска, а ние 42 милијарди, изјави Трамп во интерјви за Фокс њуз.
Тој додаде дека и покрај толкавите трошоци САД не добиле ништо за возврат.
– Милијарди и милијарди долари. Најновите хеликоптери „Блек хоук“, што сега ќе ги проучува Русија, Кина и некои други, бидејќи тоа е најдобрата технологија во светот, посочи Трамп.
Тој додаде дека е огорчен што САД не ја уништиле воената техника пред да заминат од Авганистан и сега таа е во рацете на талибанците.
– Повлекувањето на трупите од Авганистан под раководство на актуелниот претседател Џо Бајден е најголемо понижување за САД, посочи Трамп.