Добредојдовте „администратори“ на Цар Борис пишува на транспарентот кој утрово бил истакнат на надвозник во Скопје пред пристигнувањето на бугарскиот премиер Кирил Петков во посета на Република Македонија.

Пратеникот и лидер на партијата Левица Димитар Апасиев на својот профил на Фејсбук напиша: „Црвената младина го пречека бугарскиот администратор во Скопје“. Под текстото од објавата е објавена и фотографијата со транспарентот.

Алузија „администратор“ се однесува на тврдењата на бугарските историчари и политичари дека Бугарија од 1941 до 1944 година не била окупатор, туку администратор во Македонија.

(Д.Г.)