Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, во вечерва изјави за новинарите дека државата нема да влезе во дополнителна инфлација со 12 процентното покачување на платите во образованието.

Тренчевска со оваа изјава ги поби своите претходни тврдења дека зголемувањето на платите во образованието за повеќе од 10 отсто ќе предизвика дополнителна инфлација во државата, а истото го тврдеше и премирот ковачевски, за потоа и тој самиот да се побие.

„Нема да влеземе во дополнителна инфлација затоа што во разговори со министерот за финансии и со премиерот 12 отсто се процент кој нема да предизвика дополнителна инфлација и проблем на стабилноста на Буџетот на Владата“, изјави министерката Тренчевска.

Таа не појасни како било утврдено дека 12 отсто нема да предизвика инфалација, а 12,1 отсто, 13 отсто или 18,4 отсто колку што бараше пишман образованиот Синдикат, па сега попушти, ќе предизвика инфлација.

На прашање дали ќе се кратат пари од други места за покачување на платите во образованието, министерката Тренчевска кажа дека „ќе видат, но најверојатно нема да се кратат плати од други места“.

Остана нејасно дали ова покачување на платите е доволно за тие да се усогласат со минималната плата како што бараше СОНК, па заборави на тоа. Очигледно не е, па ова еуште прашање кое бара одговор.