„Ги замолувам граѓаните да не наседнуваат на ваков тип политичари кои во немоќ и политичка и интелектуална се обидуваат да ги навредат луѓето кои во тие години заслужуваат достоинствен живот бидејќи целиот свои живот работеле за да во тие пензионерски денови имаат пристоен нормален и достоинствен живот“, истакна Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во „Тема на денот“ во Централниот Дневник на Телевизија Сител.
Мицкоски посочи дека пензионерите не бараат планини, пентхаус, возила од стотици илјади евра туку тие бараат пристоен живот. Од другата страна имате официјално владино лице кое ги убедува дека тие со 20 илјади денари ќе можат да го поминат месецот.Тој укажа на тоа да министерката се откаже од високата плата и да проба да живее со овие пари.
„Еве јас баш би сакал да видам тој истиот владин претставник да го помине месецот, но и неколку следни месеци бидејќи претпоставувам има голема залиха позади себе оставено со 20 илјади денари месечно“, посочи Мицкоски.
Мицкоски заклучи дека најголемиот историски противник на пензионерите е токму оваа Влада на СДСМ и ДУИ, тој е непријателот.
„Ако можеше Владата да најде начин за неколку месеци да исплати 180 милиони евра за проект каде не е буквално закована шајка, ако можеше минатата година да најави 200 милионска субвенција за фабрика која требаше да произведува електрични возила а освен дупката каде требаше да е темелот во технолошко индустриско развојната зона во Тетово нема ништо тогаш овие луѓе кои се наши родители, баби и дедовци на нашите деца треба многу посериозно да им се посвети и да пристапи кон решавањето на нивните проблеми“, кажа Мицкоски.