Во демократска држава секој што не е задоволен од политиките може да го искаже своето незадоволство, рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во гостувањето на кавадаречката телевизија КТВ.

Таа зборуваше за задачите на Работната група која беше формирана на последната седница на Владата и за барањата на пензионерите.

– Зголемувањето на пензиите нема да зависи од тоа кој е министер, затоа што методологијата за зголемување на пензиите го следи покачувањето на трошоците за живот и покачувањето на просечната плата. И во време кога нема да имаме инфлација пензијата ќе се зголемува затоа што просечната плата ќе расте, рече Тренчевска.

Таа ддаде дека со оваа методологија за една 1,5 година покачувањето на пензиите било 24 отсто.

Тренчевска дека минималната пензија ќе биде дефинирана така што нема да смее да биде под прагот на сиромаштијата.

– Од страна на работната група ќе биде креирана палета на социјални мерки во соработка со Фондот за здравство и Министерството за здравство за дел од лекарствата кои се најчесто користени а не се на позитивната листа да бидат ставени на истата. Ќе работиме и на тоа да го зголемиме прагот за бесплатното болничко лекување, исто така ќе работиме и на мерки во кои ќе биде вклучена директна финансиска помош, рече Тренчевска.