Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска е во Будимпешта, Унгарија, каде ќе учествува на конференцијата „Управување со недостатокот на работна сила во Западен Балкан“ во организација на Меѓународната организација на трудот и ОБСЕ.

Тренчевска, како што соопшти МТСП, ќе ја отвори конференцијата и ќе учествува на работниот дел. Таа за време на нејзиниот престој во Будимпешта ќе се сретне и со регионалната директорка на МОТ, Клер Харасти.

Во делегацијата, која ја предводи министерката Тренчевска, се и државниот секретар на МТСП Флакрон Беџети, шефицата на кабинет на МТСП Наташа Димеска, националниот координатор на МОТ во РСМ Емил Крстановски, претседателката на ОРМ Владанка Трајковска, претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, претставници од Министерството за труд и социјална политика, претставници од синдикатите и работодавачите.

Фото: МИА архива