Третата годишнина од масовното убиство во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ денеска се одбележува со оддавање почит за жртвите.
На 3 мај 2023 година девет ученици и еден училишен чувар беа убиени од малолетен ученик од тоа училиште. Ранети беа пет ученици и еден наставник.
Српскиот премиер Ѓуро Мацут заедно со неколку министри им оддадоа почит на жртвите.
Малолетникот сторител на масовно убиство не може да биде суден бидејќи во тоа време имал помалку од 14 години. Постапката се води против неговите родители.
Во тек е повторно судење пред Вишиот суд во Белград, откако Апелациониот суд ја поништи првостепената пресуда со која беа осудени на неколку години затвор.
Петарда беше фрлена од зграда во близина за време на оддавањето почит на жртвите убиени во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. Полицијата веднаш спроведе истрага.
Ден по масовното убиство во училиштето во Белград, на 4 мај 2023 година, Урош Блажиќ (21) уби девет и рани тринаесет, претежно млади луѓе, во селата Мало Орашје и Дубона во близина на Младеновац.
Во Србија, 3 и 4 мај се одбележуваат како Денови на сеќавање на жртвите на масовните убиства.
Амбасадорот на Европската Унија во Србија, Андреас фон Бекерат, изрази солидарнос од ЕУ по повод годишнината од масовните убиства.
Од 4 до 8 мај низ училиштата во Србија се одбележува Неделата на сеќавање и единство.




